Пронајдени мигранти, приведен криумчарот

Од:

Вчера вечер, околу 19.30 часот на автопатот А1 Гевгелија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода 53-годишниот Љ.Ѓ. од Скопје, извести МВР.

– При контрола во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ., биле пронајдени четири лица илегални мигранти од Сирија. Љ.Ѓ. бил предаден во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле екипи од Регионален центар за гранични работи Југ и Полициска станица Неготино, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он