МВР: Усогласување на минималната плата и покачување за 5 отсто во септември

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Закон за внатрешни работи и Колективен договор. Согласно новиот Закон за минимална плата, минималната бруто плата изнесува 26.422,00 денари.

„Платата за вработените во МВР, за најниското работно место, согласно систематизацијата на МВР, со статус на овластени лица и полициски службеници е над предвидената минимална плата, што дополнително би се зголемила со покачувањето од 5%, што ќе отпочне да се исплатува од Септември 2022г. За вработените во МВР, на кои им се исплатува плата по Закон за работни односи е извршено усогласување со минималната плата и почнувајќи од месец март, сите вработени по овој Закон ќе имаат усогласени плати односно зголемени плати“, соопшти МВР.

„Процесот на исплата на плата, како и сите активности кои што се спроведуваат во МВР, подлежат на проверки и од тие причини МВР и МПС побараа и добија мислење од Министерство за труд и социјална политика со кое мислење е потврдена законската поставеност на процес на исплата на плати за вработените во МВР.Овој начин на исплата, е во интерес на вработените и со основна компонента на плата, вредноста на часови прекувремена, ноќна, викенд, празник е поголемa во однос на основна плата.

МВР и МПС во наредниот период ќе се залагаат, за доследно почитување на претходно договорениот процес на усогласување на плати во соработка со Влада на Република Северна Македонија и Министерство за финансии ќе обезбеди средства за натамошно покачување на плати за вработени во МВР“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски