Погоден облакодер во Киев, спасувачите бараат преживеани

Од:

Службата за итни случаи на Киев објави слики од облакодер од станбениот дел на киевскиот кварт Шевченковски, кој утринава околу 6 часот беше погоден од еден или повеќе руски проектили.

Додаваат дека во нападот е оштетена и соседната деветкатница.

На местото на настанот се пожарникари, брза помош и други служби. Според првичните информации две лица се повредени, а 35 се евакуирани од зградата.

Пожарот бил изгаснат во 7:45 часот, спасувачите сега трагаат по преживеани.

Би-би-си пишува дека на социјалните мрежи се шират видеа од големи темни облаци кои се издигнуваат над градот.

Во Киев е на сила 35-часовен полициски час. Градските власти предупредија дека градот е во многу опасна ситуација.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков