Во Сирија војничката плата е 32 евра, Русија им нуди илјада

Од:

Русија има список од 40.000 сириски војници и сојузничките милиции подготвени за распоредување во Украина, објави денеска Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR). Русија, како сојузник на сирискиот режим на Башар ал Асад, на 11 март изјави дека доброволците, вклучително и оние од Сирија, се добредојдени да се борат во Украина на страната на руската армија која ја нападна соседната земја на 24 февруари.

Во Сирија, каде војничката плата е од 13 до 32 евра месечно, Русија нуди околу илјада евра за војување во Украина. Имаат и право на отшета од седум илјади евра во случај на ранување, а нивните семејства ќе добијат 15 илјади евра доколку загинат во борба.

Дополнителни 18 илјади луѓе се пријавиле, а за нивниот избор ќе се погрижи групата Вагнер, приватна руска фирма која има своја паравојска и е поврзана со Кремљ.

Сирискиот конфликт, кој беснее од 2011 година и во кој загинаа половина милион луѓе, турна 90 отсто од населението во сиромаштија, што е клучен фактор за регрутирање.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа