Униформите на полицајците во Скопје стануваат двојазични, Заев тврдеше дека е противуставно

Од:

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата, иако претходниот премиер Зоран Заев кога беше обвинуван дека подготвува двојазичмност, кажа дека е противуставно.

При промовирање на програмата „Живот за сите“ во 2017 година, тогашниот претседател на СДСМ и тогашен мандатар, Зоран Заев, велеше дека нема да има двојазичност на полициските униформи. Овој став го имаше со тврдење дека консултирал и уставни експерти, а додека чекаше да добие мандат.

„Уставните експерти кои што исто така ги консултиравме се на ставот дека и прашањето на униформите го третира Уставот. Основен принцип на полицијата и Армијата е единственост на униформата која значи стандардизирана облека. Оттаму со оглед на тоа што постои единствен состав на полицијата и Армијата н Република Македонија, на територијата на Република Македонија, правењето разлики на униформата не е во согласност со уставните определби. Но ние остануваме отворени за дебата, за сите прашања кои се важни и потреба на граѓаните на Република Македонија“, кажа Заев тогаш пред медиумите.

Владата денеска соопшти дека „оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо.

Оваа Уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Еве гледаме дека двојазичноста и Тиранската платформа стануваат вистина

Ана Ололовска

Бушати: Имаше договор со Груевски, но беше одбиен од причини кои немаат врска со Тирана и Рама

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Рама лаже дека сме ја прифатиле тиранската платформа

Ана Ололовска

Еди Рама: Груевски без ниту еден услов ја прифати платформата на албанските партии

Ана Ололовска

Рама: „Тиранската платформа“ е мит креиран од македонските политичари

Ана Ололовска

Рама: Тиранска платформа не постои, има „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана нема никаква поврзаност

Ана Ололовска