Русија денес одлучи да покрене постапка за „излегување од Советот на Европа“, обвинувајќи ги НАТО и ЕУ дека го направиле инструмент во служба на „нивната воено-политичка и економска експанзија на Исток“, јави дописникот на МИА.
„Известувањето за повлекувањето на Руската Федерација од Организацијата“ е доставено денеска до нејзиниот генерален секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Порт паролот на Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, ја потврди оваа информација преку твитер:
„Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ денеска доби официјално известување од Руската Федерација за нејзиното повлекување од Советот на Европа според членот 7 од Статутот, како и нејзината намера да се повлече од Европската конвенција за човекови права“.
ПССЕ вечерва требаше да го даде своето мислење до Комитетот на Министрите за членството на Русија во Советот на Европа, која беше суспендирана од нејзиното претставување во паневропската организација. Во предложената резолуција за мислењето се советуваше :
„ Во заедничкиот европски дом нема место за агресор. Комитетот на министри треба да побарај од Руската Федерација да се повлече од Советот на Европа. Ако Руската Федерација не го стори тоа не е во согласност со ова барање, Комитетот на министри треба да разгледа датум што е можно порано, од кој Руската Федерација би престанала да биде членка на Советот на Европа. Гласање кои сега е непотребно по одлуката на Москва.
Извор: МИА