Кремљ: Постапката на новинарката Овсјаникова е хулиганство

Од:

Кремљ ја осуди постапката на новинарката Марина Овсјаникова, вработена во руската државна телевизија. Таа синоќа се појави во програма во живо со транспарент на кој пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.

– Што се однесува до таа девојка, тоа е хулиганство, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека таа е проблем што треба да го реши телевизијата, а не Кремљ.

Руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова. Според неодамна усвоениот закон, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.

Овсјаникова веднаш по упадот во програмата е приведена, но и адвокатите не знаат каде се наоѓа таа.

Во синоќешното видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски, лично и се заблагодари на Овсјаникова.

На транспарентот на Овсјаникова пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“, таа исто така и извика „Не за војната, сопрете ја војната“, а потоа програмата беше прекината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина