ВИДЕО: Брутален напад во САД, маж претепа жена удирајќи ја повеќе од 130 пати

Од:

Маж во американската сојузна држава Њујорк минатата недела нападнал жена, Азијка удирајќи ја повеќе од 130 пати. Нападот бил регистриран од надзорна камера. Полицијата вели дека се работи за злосторство од омраза.

Тамел Еско (42) ја следел 67-годишната жена во петокот, навредувајќи ја и тепајќи ја додека влегувала во зграда во Јонкерс, лоцирана северно од Њујорк.

Полицијата многу брзо по инцидентот го уапсила. Тој е обвинет за обид за убиство и напад, пишува NBC News.

На снимката од надзорната камера се гледа како Еско напаѓа жена додека таа се обидувала да отвори друга врата во фоајето. Тој и пришол одзади, ја удрил во главата, по што таа паднала на земја. Потоа продолжил да ја тепа, удирајќи ја повеќе од 130 пати, газејќи ја со нога и плукајќи.

Полицијата соопшти дека неименуваната жена е стабилна и се опоравува во болница, се здобила со фрактура на коската на лицето и крварење во мозокот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран