Руската војска ја контролира ситуацијата во нуклеарната централа заедно со украинското обезбедување и нејзините вработени, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Алексеј Полишчук.
Како што рече, двете електрани работат во нормален режим и радијацијата е нормална, што го потврдуваат и од Меѓународната агенција за атомска енергија.
„Главната задача сега е да се спречат какви било провокации насочени кон работата на овие нуклеарни централи од страна на украинските националистички сили“, рече тој.
Извор: МИА