Светска банка одобри 200 милиони долари дополнителни средства за Украина

Од:

Светска банка денеска соопшти дека ќе обезбеди околу 200 милиони долари дополнителни средства за да помогне во обезбедувањето социјална грижа за ранливите луѓе во Украина.

Оваа сума е дополнување на 723 милиони долари одобрени минатата недела.

Финансирањето е дел од пакетот за помош во вредност од 3 милијарди американски долари што Светската банка веќе објави дека го подготвува за Украина во наредните месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски