Европската унија одлучи да ги прошири санкциите за повеќе руски олигарси, вклучително и милијардерот Роман Абрамович како одмазда за руската инвазија на Украина, соопштија денеска дипломати.
Тие мерки се дел од четвртиот круг санкции на ЕУ против Москва и треба да бидат официјално објавени подоцна денеска.
Со ова проширување, 862 руски физички лица и 53 ентитети се на црната листа која забранува влез на територијата на ЕУ и дозволува запленување на нивниот имот.
Извор: МИА