Кулеба ја критикуваше долгогодишната политика на Берлин кон Русија

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја критикуваше долгогодишната политика што официјален Берлин ја имаше во односите со Русија.

Во интервјуто за германската телевизија „АРД“ тој ја посочи Германија дека со својата политика практично придонела за сегашното однесување на Москва.

„Украина се надева дека поради тоа Берлин ќе направи се што е потребно за да ја спречи руската инвазија“, рече Кулеба нарејќувајќи ги Украина и Германија „земји партнери“.

Тој изрази надеж дека Германија ќе и помогне на Украина да го добие сето неопходно оружје за да се одбрани, ќе ја казни Русија со уште построги санкции и ќе го поддржи барањето на Киев за зачленување на Украина во ЕУ. Кулеба признава дека присоединувањето кон ЕУ може да биде долготраен процес, но настојува на европска иднина на Украина забележувајќи дека и Европа ќе биде побезбедна со украинското членство во Унијата.

Кулеба истовремено упати и пофални зборови за Германија за некои сложени одлуки што Берлин ги донесе уште во првите денови од руската интервенција во Украина.

Тој истакна дека му е сосема јасно оти не е лесно кога се носат какви било промени во политиката.

Според него, Германците со години наназад се потпираат врз политика на дијалог, но истакна дека сега светот го видел вистинското лице на Русија.

„Сега Украинците ја плаќаат цената – нивните деца се убиени, нивните градови срамнети со земја“, рече тој повикувајќи ја Германија да ја признае направената грешка и да го прилагоди својот курс

Шефот на украинската дипломатија уште истакна дека рускиот претседател Владимир Путин мора да биде запрен, предупредувајќи дека Украина нема да биде негова крајна цел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски