Сириски исламистички бунтовници зазедоа три магацини за оружје во близина на Дамаск, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
Бунтовниците ги заземале магацините по целовечерните судири со воени единици, лојални на претседателот Башар ал Асад, во местото Ал Калун, северно од Дамаск.
Во судирите најмалку еден бунтовник е убиен, а неколкумина се повредени, а ранети има и меѓу припадниците на владините сили, наведува Центарот.