Русија тврди дека во нападот врз базата Јаворив убиени се околу 180 странски платеници

Од:

Руската армија тврди дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници.

– Како последица на тој напад елиминирани се до 180 странски платеници и уништено е големо количество странско оружје, изјави руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Претходно, гувернерот на украинските регионални воени власти, Максим Козицки изјави дека при нападот на руските сили врз воениот комплекс Јаворив, загинале најмалку 35 лица, а повредени се 134.

Тој додаде дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстосувачки ракети кон воената база Јаворив.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан денеска изјави дека Русија ќе се соочи со одговор од НАТО доколку нејзините напади ја преминат границата на Украина и ги погодат сојузниците.

Воената база е лоцирана на само на само 10 километри границата со Полска и вообичаено се користеше за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО.

САД и Алијансата соопштија дека за време на нападот во базата немало нивен персонал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски