(ВИДЕО) Избегната трагедија во Дебар маало: Запалени контејнери во близина на зграда паркирани автомобили и згради

Од:

За малку е избегната трагедија во скопско Дебар маало, каде по третпат се палат исти контејнери. Овојпат, палењето се случи среде бел ден. Прво пристигна полицијата, а потоа и противпожарните возила.

Околу петнаесетина минути беснееше пожарот, во близина на кружниот тег.

На кратко растојание до контејнерот, имаше и возило, кое е зафатено, но беше спречено да се случи катастрофа и да експлодира. Дополнително, во непосредна близина на пожарот има неколку згради, како и детско игралиште.

Како последица на ова, црн чад имаше над речиси цело Дебар маало.

Палење на контејнери стана пракса во Скопје. Откако се поставени, многу често, тие се предмет на пиромани. Досега, не е откриен ниту еден потпалувач.

Во пожарот, целосно изгореа четири контејнери, од кои едниот за рециклирање пластика. Петтиот контејнер е оштетен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски

Над 150 мртви во пожар во облакодер во Хонг Конг, 25 лица се уапсени во голема истрага