Исхраната за време на доењето

Од:

Разновидната и балансирана исхрана е исклучително важна и за доилките и за нивните најмили. Новите мајки треба да бидат силни и издржливи и последно што треба да им паѓа на ум е држењето рестриктивна диета за намалување на тежината. Доилките треба да внесуваат 500 дополнителни калории дневно за да осигурат доволно количество квалитетно мајчино млеко за кревките бебиња.

 

Експертите даваат препораки со која храна и кои пијалаци треба да бидете повнимателни:

Алкохол.

Алкохолот може и да ја намали лактацијата и да влијае не само на моторниот развој на бебето, туку и на неговиот сон.

Кафе.

Пијалаците кои содржат во себе кофеин како кафето, чајот и некои газирани сокови можат да влијаат негативно на сонот и расположението на бебето, затоа што дел од кофеинот завршува во млекото. Особено бидете внимателни со количеството кафе кое го внесувате доколку доите новороденче или предвремено родено бебе.

Риба која содржи жива.

Живата која се содржи во големи количества во месото на некои видови риби може сериозно да му наштети на нервниот систем на новороденчињата кој сè уште се развива. Избегнувајте да јадете месо од ајкула или сабјарка и насочете се кон поздрава риба како лосос, езерска пастрмка или сардина. Ограничете ја рибата на препорачаната доза од две порции неделно (340 грама).

Лук и кромид.

Храната со силен вкус и мирис, како лук или кромид, може да го промени вкусот и мирисот на мајчиното млеко и на тој начин да влијае на желбата за цицање на бебето. Ако забележите дека бебето одбива да цица или се мршти и прави кисели гримаси откако сте јале кромид или лук, најдобро е да ги избегнувате овие миризливи намирници.

Зачинета храна.

 Иако некои мајки постојано консумираат зачинета храна и имаат задоволни и доволно нахранети бебиња, кај други, и најмалото количество силен зачин може да го вознемири бебето. Премногу зачинетата храна може да предизвика гасови, грчеви и неудобност кај некои бебиња. Доколку бебето покажува знаци на вознемиреност откако сте изеле кари, чили, цимет и сл., преферирајте незачинета храна додека тоа потпорасне.

Брокули, зелка, грав.

Брокулите, зелката, карфиолот и гравот предизвикуваат гасови кај многу бебиња, па новите мајки често ги избегнуваат.

Цитрусно овошје.

Одредени состојки кои се содржат во цитрусното овошје може да го иритираат деликатниот дигестивен систем на бебето, коешто води до нервоза, повраќање и/или пеленски осип.

Чоколадо.

 Жените го обожаваат чоколадото, но за жал, мајките кои ги дојат своите деца треба да внимаваат со ова слатко задоволство, затоа што исто како кафето, чоколадото содржи кофеин.

Важно да се спомене дека одредена храна може да предизвика алергиска реакција кај бебето, иако стигнува до него во мали количества преку млекото. Најчесто алергиите кај бебињата се предизвикани од кикирики, кравјо млеко, јајца, соја, риба и пченица.

Секое бебе е различно, па за да пронајдете поврзаност меѓу вашата исхрана и однесувањето на вашето бебе, обидете се да водите дневник за исхрана. Запишувајте сè што јадете и пиете и водете белешки како вашето бебе реагира на различните производи кои ги консумирате.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава