Приведен криумчар на мигранти во радовишко

Од:

Вчера вечер, во 20 часот на локален пат покрај брана Мантово, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода 38-годишниот М.О. од Штип, кој во моторно возило „фолксваген туарег”, со скопски регистарски ознаки, превезувал 13 лица мигранти, од кои 5 од Гана, 5 од Пакистан, 2 од Сенегал и 1 од Бенин, информира МВР.

Лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Регионален центар за гранични работи Исток и екипа на ОВР Радовиш.

М.О. е приведен во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он