СДСМ: Финансиската поддршка на владата е значајна за граѓаните, Мицкоски не може да се помири со тоа

Од:

„Христијан Мицкоски треба да го преиспита своето однесување во однос на навредите кон народот, не му се граѓаните криви за неговите погрешни политики во време на најголема економската криза. Народот не е фрустриран како што вели Мицкоски, граѓаните со право очекуваат помош во справувањето со последиците од кризите, а последниот пакет антикризни мерки вреден 400 милиони евра е токму тоа“, реагира СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

„Финансиската поддршка на владата е значајна за граѓаните. Пакетот антикризни мерки го штити стандардот на граѓаните и им помага на компаниите.

Во време на криза, повеќе пари се насочуваат кон семејните буџети и сериозно им се помага на компаниите да ги задржат вработените и да продолжат со работа.

Од Мицкоски граѓаните ниту видоа ниту ќе видат конструктивност, тој како и за време на пандемијата со коронавирусот не прави ништо освен што неосновано напаѓа и ја плаши јавноста со црни сцеранија. Толку од дражвничкиот капацитет на Мицкоски, тој продолжува да дејствува на штета на граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот