Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на Ковид-19.
Во Скопје се регистрирани 141 нов случај, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип.
Од вкупниот број на позитивни 277, регистрирани се 44 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица. Пет починати лица се од Скопје на возраст од 60, 79, 80, 84 и 86 години и по едно починато лице од Кичево на 69 години, Неготино на 68 години и Струмица на 80 години.
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени шест починати лица. Двајца се од Тетово и по еден починат има во Велес, Скопје, Куманово и Гостивар. Починатите лица се на возраст од 41 до 90 години. Лицата за починати се пријавени во период од 28 февруари до 3 март годинава. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а тројца во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица – 14, кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а две лица се пријавени без коморбидитети.
Регистрирани сe 132 оздравени пациенти од: Куманово – 16, Прилеп – 15, Битола – 14, Охрид – 13, Скопје – 11, Велес – 10, Струга – 8, Кавадарци и Ресен – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 5, Гевгелија – 4, Тетово, Гостивар, Штип и Неготино – по 3, Кичево – 2, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево – по 1.
Направени се 2.635 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-49, Авицена-91, Биотек-108, Систина-48, лабораторија Лаор-117, Синлаб-12, Ремедика-9, Плодност-10, Генеа-11, Никоб Лаб-200, ВФВ Медикал-62, Ели Медика Плус-20, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.228.
Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на Ковид-19.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 140735, Активни 1230
Куманово 16383, Активни 91
Битола 14444, Активни 126
Прилеп 13765, Активни 138
Тетово 13375, Активни 56
Кавадарци 10261, Активни 81
Велес 9588, Активни 97
Гостивар 9484, Активни 29
Охрид 8575, Активни 44
Струмица 7938, Активни 23
Штип 7931, Активни 19
Кичево 5486, Активни 45
Кочани 5000, Активни 21
Струга 4663, Активни 9
Гевгелија 4298, Активни 21
Неготино 3631, Активни 15
Ресен 2637, Активни 35
Свети Николе 2606, Активни 3
Радовиш 2490, Активни 14
Крива Паланка 2393, Активни 15
Делчево 1900, Активни 0
Дебар 1656, Активни 11
Берово 1631, Активни 3
Валандово 1463, Активни 5
Виница 1357, Активни 9
Пробиштип 1258, Активни 2
Богданци 1010, Активни 7
Кратово 946, Активни 11
Крушево 912, Активни 5
Демир Хисар 821, Активни 6
Македонски Брод 732, Активни 2
Демир Капија 582, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 339, Активни 0
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.