Во последните 24 часа се евидентирани 1575 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 10.115, соопшти кризниот штаб.
Од нив 745 пациенти се во болница, од кои 53 се на респиратор. Во последното деноноќие починале 13 лица.
U posljednja 24 sata zabilježeno je 1.575 novih slučajeva zaraze virusom SARS-CoV-2 te je broj aktivnih slučajeva u Hrvatskoj danas ukupno 10.115. Među njima je 745 pacijenata na bolničkom liječenju, od toga je na respiratoru 53 pacijenta. Preminulo je 13 osoba.
— Koronavirus.hr (@koronavirus_hr) March 12, 2022
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се регистрирани вкупно 1.072.430 лица заразени со коронавирус, од кои 15.321 починале, вкупно 1.046.994 се опоравиле, од кои 1.462 во последните 24 часа.
Во самоизолација моментално се 7129 лица.