Загина мотоциклист во сообраќајка кај Зајас

Од:

Во сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл и два автомобила, вчера попладнето на патот Гостивар – Кичево животот го загубил 43-годишниот мотоциклист.

Како што извести МВР, вчера околу 17.25 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Зајас се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха“ со швајцарски регистерски таблички управуван од Шабан Ц. (43) од Кичево, потоа автомобил „Форд Ескорт“ со охридски регистерски таблички управувано од К. И. (50) од Зајас и автомобил „Мерцедес“ со скопски регистерскитаблички управувано од А. Ш. (32) од Скопје.

Во незгодата Шабан Ц. починал на лице место. Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа од Полициска станица-Кичево.

ФОТО: Архива

Би можело да ве интересира

МВР објави првични детали за сообраќајката на обиколницата, возачот на камионот е приведен

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски