Локални власти: Руските сили го гранатираат пристаништето Миколаив

Од:

Руските сили го гранатираат вечерва украинското пристаниште Миколаив, објави регионалниот гувернер.

Руските сили денеска гранатираа три градови во Украина – вклучително и два на западниот дел на земјата – со што се проширува опсегот на нејзината воена офанзива.

Во гранатирањата се погодени аеродромите во Луцк и Ивано-Франковск, далеку од главните области на конфликтот, и станбени згради во стратешки важниот град Днипро.

Руските вооружени сили не постигнале напредок во Украина во последните 24 часа, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, рече дека Украина достигна „стратешка пресвртница“ во војната со Русија во неговото најново обраќање до украинскиот народ.

Украина денеска ја обвини Русија за кршење на меѓународното право со киднапирање на градоначалникот на Мелитопол, украински град кој падна под контрола на Русија за време на инвазијата. Украинските власти соопштија дека градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, бил киднапиран откако бил лажно обвинет за тероризам.

„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции кои забрануваат земање цивили за заложници за време на војна“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина