Во Шангај од утре се затвораат сите училишта, учениците ќе мора да ги следат часовите преку интернет.
Нема да бидат отворени ниту градинките, ниту предучилишните установи.
Таквата одлука доаѓа по евидентираните 1.100 нови инфекции со Ковид-19 во земјата, што е голема бројка за Кина. Станува збор за највисок дневен број на инфекции, откако вирусот се појави во Вухан во 2020 година, предизвикувајќи тревога кај локалните и националните лидери.
Извор: МИА