Претседателот на Финска, Саули Нинисто денеска најави дека Хелсинки ќе ја преиспита својата безбедносна политика за да одлучи дали ќе се зачлени во НАТО.
– Откако ќе се анализираат ризиците и алтернативите, ќе дојде време за заклучоци… Имаме сигурни решенија за нашата иднина. Треба темелно да ги разгледаме. Не со одлагање, туку внимателно, посочи Нинисто.
Традиционално, Финците се претпазливи кон Русија, земја со која делат 1.340 километри долга граница и со која водеа две војни во 1939 и во 1944 година и изгубија значителен дел од својата територија.
Северноатлантската алијанса вообичаено има поддршка од 20 проценти од Финците, но истата е зголемена по руската инвазија врз Украина.
Извор: МИА