Камала Харис од Варшава изјави какви ќе бидат последиците и трошоците за Русија поради агресијата

Од:

Американскиот потпретседател Камала Харис денеска во Варшава, по разговорите со највисоките полски претставници, изјави дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, за да се договори за понатамошно зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со сериозни последици и трошоци поради војната во Украина предизвикана од Путин.

– Разговаравме за ефикасноста на санкциите. Треба да испратиме јасен сигнал. Рековме дека последиците и трошоците од руската агресија врз Украина ќе бидат исклучително сериозни. Гледаме дека рубљата паѓа така што во Русија е на ниво на „ѓубре“ само затоа што Путин предизвика војна, рече Камила Харис на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Потпретседателката на САД рече дека дошла во Варшава за да повтори колку сериозно САД го сфаќаат членот пет од договорот на НАТО за колективна одбрана.

– САД имаат обврска според членот пет, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО. Тука сме да ја повториме таа обврска и да видиме што можеме да направиме за источното крило. Префрливме 4,7 илјади американски војници во Полска со претходна ротација од 5.000 војници. Можам да кажам дека две батерии од противракетниот систем „Патриот“ се веќе во Полска“, изјави Камала Харис.

На новинарско прашање дали САД сега се подготвени да одлучат за постојано присуство на свои војници во Полска, претседателот Анджеј Дуда одговори дека војниците се менуваат, но тие се секогаш таму.

На прашањето дали Украина сè уште може да очекува помош од авиони од руско производство, пред сè МиГ-29 од членките на НАТО кои ги имаат, и потпретседателот на САД и полскиот претседател рекоа дека и помагаат на Украина со испораки со оружје, дека ситуацијата е динамична и оти членките на НАТО мора да се грижат за безбедноста на целата алијанса.

– Прифаќаме дека Украинците имаат право да бараат помош од НАТО. Одредени очекувања беа насочени и кон Полска, но ние сме членка на НАТО и мора да гледаме на прашањето за безбедноста низ призмата не само на безбедноста на Полска, туку и на целата Алијанса. Затоа одлучивме да дадеме авиони на располагање на НАТО и сакаме цело НАТО заедно да донесе одлука, рече Дуда.

Харис и Дуда ја обвинија Русија за воени злосторства, вклучително и гранатирање на детска болница и породилиште во Мариупол, и двајцата истакнаа дека мора да почне меѓународна истрага за евентуални злосторства.

– Кога станува збор за злосторства и кршење на меѓународното право, ние јасно кажуваме дека ќе се направи проценка и преглед. Телевизиите цело време покажуваат што се случува таму. Земја која сака да заземе друга земја без никаква цел мора да биде под истрага, без сомнение, рече Камала Харис.

Полскиот претседател рече дека група обвинители од Меѓународниот кривичен суд веќе се во Полска за да соберат докази и сведоштва од украинските бегалци кои пристигнуваат во земјата.

– Русите вршат воени злосторства во Украина. Се надевам дека во иднина судот ќе одлучи кој е одговорен за тоа. Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои биле сведоци на бомбардирање на населени места, гранатирање болници. Има докази, сведочења, снимки во нивните телефони од кои се згрозува. Тоа се сцени а сторителите се Руси, рече Дуда.

Потпретседателката на САД им вети на Полска и на другите земји во кои масовно доаѓаат бегалци од Украина, прво 50 милијарди долари хуманитарна помош за самата Украина, а дополнително американскиот Конгрес се обврза да помогне 13,5 милијарди долари за бегалците и земјите од Централна Европа кои примија бегалци.

Камала Харис денеска разговараше и со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, а на дневен ред е и средба со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој исто така престојува во Варшава, утре ќе ги посети американските и полските војници, а потоа ќе продолжи во Романија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

ВИДЕО: Како трошите една милијарда долари и губите – Демократите бараат одговори

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател

Објавена симулација: Харис победува на изборите во САД