Повеќе од 24 часа трааат борбите во предградијата на Дамаск поради што стотици луѓе ги напуштија своите домови и бараат сигурност во другите делови на главниот град на Сирија.
Најжестоки борби од изутрината се водат во преградијата Мидан и Захера, ама нема сигурни информации за жртвите.
Генералот Аднан Силиу кој до неодамна ја водеше програмата за развој на хемиското вооружување на Сирија, пребега на страната на бунтовниците и веднаш е поставен за командант на здужениот штаб на востаничките сили.
Сириската војска истовремено упати колона оклопни возила кон населбата Тадамон каде ела вечер се водат жестоки битки.
Освен во Дамаск, борби се водат и на уште неколку места во Сирија.