Шефовите на држави или влади од земјите-членки на Европската унија на Самитот во Версај ќе разменат мислења за можноста за европски план за издржливост и инвестиции за да се извлечат последиците од офанзивата на Русија во Украина, јави дописникот на МИА.
Според информациите од претставник на Елисејската палата за медиумите, работите за планот се во рана фаза и имаат за цел да ги идентификуваат инструментите на национално и европско ниво, рече тој пред самитот утре и задутре во Версај, Тој притоа додаде дека целта е да се забрзаат и зголемат заедничките инвестиции во одбраната, енергијата и климатската транзиција.
Извор: МИА