Ватикан го нарече бомбардирањето на болницата во Мариупол „неприфатливо“

Од:

Висок функционер на Светата столица го осуди денешниот бомбашки напад на детска и породилна болница во Мариупол и го оквалификува како „неприфатлив“, јави Би-Би-Си.

Кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, изјави пред новинарите: Јас велам дека бомбардирањето на болница е неприфатливо. Нема причини, нема мотив за да се направи ова“.

Ватикан се понуди како посредник во руската војна против Украина.

Ројтерс објави дека папата Франциск го прекршил дипломатскиот протокол минатиот петок и ја посетил локалната руска амбасада за да ја пренесе својата загриженост за инвазијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија