Во воздушен напад погодена детска болница во Мариупол

Од:

Во руски воздушен напад погодена е детска болница во Мариупол, соопшти денеска советот на градот, наведувајќи дека сè уште не е познато дали има жртви во нападот.

Градските власти тврдат дека неколку бомби се фрлени врз болницата и дека штетата е голема.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, на Твитер објави видео од оштетената детска болница.

„Мариупол. Директен удар на руските сили врз породилиште. Луѓе, деца се под урнатините. Ѕверство. Колку долго уште светот ќе биде соучесник игнорирајќи го овој терор? Затворете го небото веднаш! Запрете ги убивањата. Имате моќ, но се чини дека ја губите човечноста“, објави на Твитер Зеленски.

Москва, демантира дека цивилни објекти се цел на руските воени операции во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје