Грвала вели дека 2022 година може да биде „интересна година“ за признавањата на Косово

Од:

Потпретседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Грвала изјави дека е оптимитска оти „2022 ќе биде интересна година“ во однос на новите признавања на косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција по денешната седница на Владата, Грвала изјави дека имало иницијативи за признавање на Косово од повеќе од една држава, но дека нема да зборува за тоа „сé додека работите не станат официјални“.

– Процесот е добар и здрав и мене како министерка ми влева оптимизам дека 2022 ќе биде интересна година и од тој аспект, рече Грвала, додавајќи дека Владата посебно внимание посветила на прашањето на петте држави членки на Европската унија кои се уште не ја признале независноста на Косово.

Шефицата на косовската дипломатија најави „освежување“ на санкциите кон Русија поради агресијата врз Украина, како и формирање хуманитарен фонд за помош на Украина со домашни производи.

На 4 септември 2020 година Израел стана последната држава која го призна Косово. Признавањето уследи како дел од договорот што Косово и Србија го потпишаа во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на тогашниот американски претседател, Доналд Трамп. Од тој датум настапи едногодишен мораториум, со кој Србија се обврза да ја прекине кампањата за повлекување на признавањата на Косово, додека Косово се обврза дека нема да бара зачленување во меѓународни организации.

Вкупно досега, според официјална Приштина, косовската независност ја признале 117 земји, а од членките на ЕУ тоа не го сториле Грција, Кипар, Шпанија, Романија и Словачка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина