Светска банка: Високите цени на нафтата би можеле да ги загрозат големите економии во транзиција

Од:

Долготрајниот период на високи цени на нафтата, поттикнат од руската инвазија врз Украина, може да ги намали стапките на раст на големите увозници меѓу економиите во транзиција, предупреди претставник на Светска банка.

Војната во Украина дополнително ќе ги попречи економиите во развој кои веќе се помалку закрепнуваат од пандемијата на Ковид-19 и се зафатени од проблеми кои се движат од долг до инфлација, напиша на својот блог Индермит Гил, потпретседателот на СБ за правичен раст, финансии и институции.

„Војната дополнително ги влоши овие извори на несигурност на начини кои ќе одекнат низ целиот свет и ќе им наштетат на најранливите групи луѓе на најранливите места“, вели Гил.

Според него, се уште не е можно да се процени степенот до кој конфликтот ќе ги промени изгледите за светската економија. „Но, проценките од новата публикација на СБ покажуваат дека зголемувањето на цената на нафтата од 10 отсто во текот на неколку години би можело да го намали растот на увозниците меѓу економиите во развој за 10 процентни поени“, вели Гил.

Цените на нафтата се зголемени повеќе од двојно во изминатите шест месеци.

„Ако вака продолжи, нафтата би можела да ја намали стапката на раст на увозниците на нафта како Кина, Индонезија, Јужна Африка и Турција за целосен процентен поен“, изјави претставникот на Светска банка.

Тој додава дека се очекувало, пред да избие војната, Јужна Африка да има раст за околу два отсто годишно во 2022 и 2023 година, Турција за два до три отсто, а Кина и Индонезија за пет отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година

Ана Ололовска

Светска банка најави уште 530 милиони долари помош за Украина

Ана Ололовска

Во СБ на ОН, Москва ја блокираше американската резолуција против руската анексија

Ана Ололовска

Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши

Ана Ололовска

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска

ММФ, СБ и други кредитори предупредуваат на „обемни“ економски последици од војната во Украина

Ана Ололовска