Во СБ на ОН, Москва ја блокираше американската резолуција против руската анексија

Од:

Русија со вето во Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа спречи усвојување на американската резолуција со која се осудува руската анексија на четири украински региони и референдумите врз основа на кои беше извршена анексијата.

dobivaj vesti na viber

Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет постојани кои имаат право на вето. Како што објави Си-Ен-Ен, Кина, Бразил и Индија се воздржаа од гласање, а Русија, постојана членка, стави вето.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас Гринфилд на почетокот на седницата рече дека американската резолуција е „токму за што е создаден Советот за безбедност – да го заштити суверенитетот, да го брани територијалниот интегритет и да промовира мир и безбедност“.

Како што јавува Би-Би-Си, резолуцијата ја осудува Русија за „организирање нелегални т.н. референдуми (на територии) во рамки на меѓународно признатите граници на Украина“, а референдумите се прогласени за „неважечки“.

Резолуцијата, исто така, ја повика Русија „веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги потпиша указите врз основа на кои областите Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск беа припоени кон Руската Федерација, потег што од голем дел од меѓународната заедница беше оценет како спротивен на меѓународното право и ескалација на конфликтот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД најавија нов пакет санкции кон Северна Кореја

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

САД размислуваат да ја прогласат групата Вагнер за терористичка организација

Ана Ололовска

Велика Британија најави нова рунда санкции за уште 22 Руси

Ана Ололовска

САД: Хаким Џефрис избран за лидер на демократите во Конгресот

Ана Ололовска

Руските разузнавачи тврдат дека Полска се подготвува да припои големи делови од Украина

Ана Ололовска