Њујорк тајмс ги повлече дописниците од Русија за првпат по повеќе од еден век

Од:

Њујорк тајмс ги повлече своите дописници од Русија, па за првпат по повеќе од еден век, весникот ќе нема новинари во таа држава.

„Многу тажен ден за историјата на Њујорк тајмс во Москва. Ги повлековме сите дописници од земјата. Таму, новинари имавме постојано од 1921 година, со еден или два кратки прекини поради пречки со визата. Ниту Сталин, ниту Студената војна, ништо не нè избрка“, напиша на Твитер, поранешниот шеф на бирото на весникот во Москва, Нил МекФаркухар.

Весникот информираше дека се повлекува од Русија, поради новото законодавство, што сака да ги криминализира новинарите, кои во известувањето, руската инвазија врз Украина ја поврзуваат со „војна“.

„Прекршителите се соочуваат со казна затвор и до 15 години“, се наведува во објавата на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува