Австрија привремено ја стопира задолжителната вакцинација против Ковид-19

Од:

Австриската Влада денеска донесе одлука за привремена суспензија на примената на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот, врз основа на извештајот на експертска комисија.

Министерката за уставни прашања Каролин Едштадлер на прес-конференција по владината седница истакна дека задолжителната вакцинација поради сојот омикрон не е пропорционална мерка.

Австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч најави дека ситуацијата ќе се следи и за три месеци ќе биде донесена нова одлука за задолжителната вакцинација. Кога беше донесен Законот за задолжителна вакцинација беше предвидено казнувањето на сите невакцинирани граѓани да почне од средината на март.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник