СДСМ: Институциите да ги истражат диловите што Мицкоски ги прави во име на Арсовска

Од:

„По изјавите на Христијан Мицкоски дека преговарал и договорил зделки на набавка на автобуси за Град Скопје постојат основани сомневања за нов голем скандал.Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да постапат по искажаните информации од страна на Мицкоски и да ја истражат вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на градоначалничката Данела Арсовска“, соопшти СДСМ.

„Претседател на партија нема право да преговара за јавни набавки во надлежност на единица на локална самоуправа.

За секоја јавна набавка постојат законски процедури кои подразбираат јавен повик, тендерска документација и избор на најповолен понудувач согласно критериумите.

Тврдењето на Мицкоски дека понудувач е најден и се подготвува тендерска документација укажува дека постои можност набавката да е договорена на незаконски начин.

Ова е ист случај како набавката на кинеските автобуси со кои буџетот бил оштетен за пет милиони евра. За овој скандал на ВМРО-ДПМНЕ се водат судски процеси.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со криминален начин на размислување“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он