Руското Министерство за одбрана соопшти дека дошло до украински документи за планот за напад на Донбас.
„Документите на Националната гарда на Украина кои ги потврдуваат подготовките на Киев за офанзивната операција во Донбас во март дојдоа во сопственост на руската армија“, изјави за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Конашенков тврди дека овие документи „ја потврдуваат тајната подготовка на режимот на Киев за офанзивната операција во Донбас во март 2022 година“.
„Министерството за одбрана добро се сеќава на изјавите на раководството на режимот во Киев за наводно отсуство на какви било планови за вооружена окупација на Луганск и Доњецка народна република. Сепак, оригиналите на тајните воени документи на Националната гарда на Украина јасно докажуваат дека овие изјави се лажни“, рече Конашенков.
Тој вели дека во документот детално е опишан планот за подготовка на една од ударните групи за офанзивните акции во Донбас.