113 санкционирани возачи во Скопје, 41 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 30 за непрописно паркирање…, соопшти МВР.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава