Клуге: Украина е голема хуманитарна катастрофа

Од:

Регионалниот директор на Светска здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге изјави дека инвазијата врз Украина е „голема хуманитарна катастрофа“.

Тој за Би-Би-Си Ворлд (BBC World) истакна дека СЗО сега има три приоритети.

Клуге како прв приоритет го наведе обезбедувањето медицински материјали за погодените области во Украина, пред сè кислород, но и комплети за траума и основна здравствена заштита како третмани за дијабетес и срцеви заболувања.

Втор приоритет на СЗО е зајакнување на системите за здравствена заштита во соседните држави на Украина, каде расте бројот на бегалци продолжува да расте.

Додека трет приоритет е отворање на оперативен центар на СЗО во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина