ОХЦХР: Има извештаи за насилство врз проруси граѓани во Украина

Од:

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЧР) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски настроени се цел на насилство во регионите под контрола на украинската Влада, изјави денеска високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле.

На 49-та седница на Советот за човекови права на ОН, таа рече дека ОХЧР е загрижена поради „извештаите за насилство врз оние кои се сметаат за проруски настроени на териториите контролирани од украинската Влада“, пренесе Тасс.

Според неа, Канцеларијата, исто така, „е загрижена поради извештаите за произволните приведувања на проукраински лица во областите што неодамна дојдоа под контрола на вооружените групи на истокот на змејата“.

Таа „ги повика сите страни во конфликтот да преземат ефективни мерки за да им овозможат на цивилите заробени во областите погодени од активните непријателства безбедно да заминат“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје