„Шел“ го прекинува купувањето руска сурова нафта

Од:

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.

„Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не беше правилна и жал ни е поради тоа“, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.

Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени