Завршена третата рунда преговори меѓу Русија и Украина

Од:

Третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина заврши вечерва во регионот Брест, во Белорусија, соопшти руската Амбасада во Минск.

„Заврши третиот круг руско-украински преговори во Белорусија“, соопшти амбасадата на својот канал Телеграм.

Членот на украинската делегација во преговорите Михаило Подољак, веднаш по завршувањето на новата рунда во видео објкава на Твитер кажа дека има мало позитивно поместување на преговарачките позиици.

„Заврши третата рунда преговори. Има мали позитивни поместувања за подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори… Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на регулативи, заедно со прекинот на огнот и безбедносните гаранции“, пренесе Подољак.

Членовите на руската делегација рекоа дека долго време разговарале за проблемот со хуманитарните коридори и дека се надеваат дека коридорите ќе почнат со работа утре.

Тие изјавија дека очекувањата на руската страна не се оправдани. Тие додаваат дека преговорите биле многу тешки, и дека Москва нема илузии дека резултатот ќе има на следните разговори.

„Тие луѓе кои не дозволуваат цивили да минуваат низ отворени хуманитарни коридори, во суштина се фашисти“, рекоа по средбата од руската делегација.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина