Шефот на украинската преговарачка делегација и советник на претседателот на Украина, Михаило Подољак ја повика Русија да престане да ги напаѓа цивилите.
-За неколку минути ќе почнеме разговори со претставници на земја која сериозно верува дека раширеното насилство врз цивилите е аргумент на нивна страна. Докажете дека тоа не е така, изјави Подољак во видео објава на Твитер.
„Исто така, би сакал да не обрнувате внимание на сите овие лажни имиња, како Јанукович, Бојко или некој друг што сакаат да ги назначат за посебни претставници на Украина, како Мураев или Киву. Сè ќе биде како што и треба на Украина. Ние веќе покажавме дека Украина победува“, додаде Подољак во објавата на Твитер.
Извор: МИА