137 санкционирани возачи во Скопје, 29 без возачка

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 29 санкции, 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење повеќе од дозволената брзина. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник…, соопшти МВР.

Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава