Повеќе американски амбасади ќе бидат затворени поради закани за безбедноста

Од:

Повеќе американски амбасади во муслиманските земји ќе бидат затворени в недела поради безбедносни закани, соопшти Стејт департментот, не нагласувајќи од што конкретно се стравува.

Ќе бидат затворени амбасадите во Абу Даби, Багдад и Каиро, како и неколку конзулати, а портпаролката на Стејт департментот Мари Харф изјави дека овие мерки ќе бидат спроведени поради загриженоста за безбедноста на дипломатскиот персонал.

Телевизијата Си-Ен-Ен соопшти дека оваа мерка е поврзана со разузнавачката информација за заговор на терористичката мрежа Ал Каеда врз дипломатските мисии на САД на Блискиот Исток и други муслимански држави. Недела е работен ден во муслиманските земји.

Според Си-Ен-Ен, исто така, ќе бидат затворени и амбасадите на САД во Бахреин, Израел, Јордан, Кувајт, Либија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен, Авганистан и Бангладеш.

Американските дипломатски претставништва се наоѓаат под зголемени мерки за безбедност по минатогодишниот напад на конзулатот во Бенгази, во кој беше убиен амбасадорот на САД Крис Стивенс и уште тројца американски службеници.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“