Стотици руски православни свештеници бараат „да запре војната“ во Украина

Од:

Повеќе од 280 руски православни свештеници потпишаа отворено писмо во кое бараат да се стави крај на „братоубиствената војна“ во Украина, јави Фокс Њуз.

„Жалиме за тешкото искушение на кое незаслужено се изложени нашите браќа и сестри во Украина“, се вели во писмото, според „Кристијан пост“.

„Последниот суд го чека секој човек“, продолжува писмото, кое до денеска е потпишано од 284 руски православни свештеници, протоереји и ѓакони.

Ниту еден земен авторитет, ниту лекари, ниту чувари нема да штитат од овој Суд. Загрижени за спасението на секој човек кој се смета себеси за дете на Руската православна црква, не сакаме тој да се појави пред Последниот суд, носејќи го тешкиот товар на мајчинските клетви“, продолжуваат тие.

„Потсетуваме дека Крвта Христова, пролеана од Спасителот за животот на светот, ќе биде примена во светата тајна Причест од оние луѓе кои даваат убиствени наредби, не во живот, туку во вечни маки.

Свештенството дополнително жали за поделбите што ги отвори тековниот конфликт, пишувајќи: „Нè растажува кога мислиме на јазот што нашите деца и внуци во Русија и Украина ќе треба да г о премостат за да почнат повторно да бидат пријатели, да се почитуваат и сакаат едни со други“.

„Запрете ја војната“, се заклучува во писмото, пренесува Фокс Њуз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија напредува во регионот на Харков, голема евакуација

(ВИДЕО) Украина се одмаздува за рускиот продор во облсата Харков: го напаѓа Белгород

Катерина Ѓуровски

Русија освои неколку населби во регионот на Харков

Предраг Петровиќ

Русија нападна 30 места во областа Харков, во тек масовна евакуација

Генералштаб на Украина: Русија се обидува да изврши офанзива врз регионот Харков

Предраг Петровиќ