Најмалку 15 сириски војници се убиени денеска во напад на џихадистите од терористичката Исламската држава врз воен автобус во пустинска област во централниот дел на земјата, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права.
„Припадниците на Исламската држава нападнаа воен автобус во сириската пустина Палмира, при што се убиени 15 војници, а 18 беа ранети“, соопшти опсерваторијата.
Сириската агенција Сана, од своја страна, јави дека загинале 13 војници, меѓу кои и офицери и додаде дека 18 војници се ранети, пренесува Бета.
ИД засега не презеде одговорност за нападот.
Во војната во Сирија, која започна во 2011 година, загинаа повеќе од 500.000 луѓе, уништена е инфраструктурата на земјата и принуди неколку милиони луѓе да ги напуштат домовите.
Извор: МИА