Русија се закани: Дозвола за полетување на украински авиони е директен конфликт

Од:

Секоја држава што ќе дозволи користење на нејзините аеродроми за украински авиони за напади на Русија може да се смета за земја во конфликт, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој ја обвини Романија дека дозволува вакви полетувања.

„Речиси сите борбено способни воздухопловни сили на режимот во Киев се уништени. Но, од сигурен извор знаеме дека украинските авиони полетале од Романија и другите соседни земји“, рече тој.

„Користењето на мрежата на аеродроми на оние земји кои би служеле за украинските воени авиони и потоа нивното користење против руските вооружени сили може да се смета за мешање на тие земји во вооружениот конфликт“, рече Конашенков.

Украина бара од западните земји да воведат зона на забранети летови над нејзината територија. НАТО го одби барањето поради ризикот од директен конфликт со Москва.

Вчера рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија ќе ја смета за противник во војната секоја земја што ќе воведе зона на забранети летови над Украина.

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина