Како да ја намалите отеченоста на нозете?

Од:

Наутро вашите стапала и нозе изгледаат вообичаено, но до крајот на денот се силно отечени и едвај чекате да ги соблечете чевлите? Зошто тоа се случува и што можете да преземете?

Отеченоста, односно едемите, се создаваат кога течноста се собира во ткивото и последица се отежнат оптек на крвта и лимфата.

Отеченоста на стапалата посебно се јавува во лето, што можеби и сами сте го искусиле, кога под влијание на сонцето и горештините се шират крвните садови и капиларите.

Еве неколку совети како да си помогнете ако ве мачи отеченост на стапалата и нозете:

– намалете го внесот на сол – солта придонесува за задржување на течноста.

– ставете ги нозете во повисока положба – легнете на грб, кренете ги нозете во повисока положба и останете така 10-15 минути, барем три пати дневно.

– вежбајте редовно – тренингот ја подобрува циркулацијата.

– ослободете се од вишокот килограми – прекумерната тежина ја забавува циркулацијата на телесните течности и додава притисок на вашите вени.

– избегнувајте долги периоди во седење – на секои два часа станувајте и кратко шетајте.

– со вашиот лекар разговарајте за лековите што ги користите, ако ги земате – одредени лекови можат да придонесат за отеченоста.

– посетете лекар ако отеченоста не се намалува, а ја следи краток здив (отежнато дишење) и дебелеење или кога отеченоста ја оштетува кожата.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска