Харис ќе ги посети Полска и Романија поради руската инвазија врз Украина

Од:

Американската потпретседателка, Камала Харис, ќе отпатува во Полска и Романија во знак на поддршка за Украина, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Харис ќе ги посети Варшава и Букурешт на 9 март, се наведува во соопштението на нејзината канцеларија.

„Нејзината посета ќе ја демонстрира силата и единството на НАТО и поддршката на САД за источните сојузници на Алијансата наспроти руската агресија. Исто така, ќе ги нагласи нашите колективни напори за поддршка на народот на Украина“, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија .

Таа ќе се сретне со лидерите на двете земји за да се координираат за нивниот одговор „на неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“, се додава во соопштението.

„Тие ќе разговараат за нашата континуирана поддршка за народот на Украина преку безбедносна, економска и хуманитарна помош и нашата решеност да наметнеме тешки економски последици врз Русија и оние кои се соучесници во руската инвазија“.

Состаноците на лидерите ќе се фокусираат и на тоа како САД можат да ги поддржат соседите на Украина за пречек на бегалците од конфликтот, пренесе германската агенција.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ