Поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден и се заблагодари на Русија, бидејќи му одобри привремен азил, а ја обвини американската власт за непочитување на меѓународното право.
-Во текот на последните осум години можевме да видиме дека администрацијата на претседателот Обама не покажа почитување на меѓународните и домашните закони, но правдата на крајот победи-изјави Сноуден, откако го напушти московскиот аеродром.
На Русите им се заблагодари и таткото на поранешниот соработник на НСА, Лон кој истакна дека „битката“ на неговиот син да ги објави доверливите информации е завршена.
-Многу сум благодарен. Ова беше навистина долга недела. Го сакам син ми-изјави тој, откако Сноуден излезе од аеродромот со документи кои што му гарантираат едногодишен азил во Русија.
Елена Георгиевска